Викендов во Музејот на цветната уметност во Холандија (Flower Art Museum) беше отворена изложбата на Лида Шерафатманд под наслов “Земјата на чудатa.” Изложбата беше отворена во присуство на македонската амбасадорка Бети Јачева, амбасадорoт на Малта, градоначалникот на Аалсмаер и околу 100 гости кои беа поканети со една единствена порака: уметноста е безгранична и ги зближува луѓето!

На изложбата беа презентирани 60 дела меѓу кои и петте на кои се насликани цвеќиња од Струшко, а ќе бидат дел од донацијата за музејот “Д-р Никола Незлобински” во Струга.






