Македонската ракометна репрезентација ќе одигра два бараж натпревари против селекцијата на Романија на 17 и 19 март за пласман на Светското првенство. Првиот бараж натпревар за пласман на СП против Романија ќе се одигра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“.
Голманите се најсилниот дел на ракометната репрезентација на Македонија во пресрет на овој дуел. Мартин Томовски чуварот на мрежата на Вардар се надева на успех на овој натпревар.
Полека созреваме како репрезентација и психолошки сме многу подобрени. Без преголема еуфорија треба да влеземе во овој натпревар со цел да го потврдиме нашиот квалитет. Романија е сериозен противник, имаме целосен респект кон оваа селекција. Треба да се истакне дека извлековме неколку лекции од ЕП во Дебрецен, па веќе секој од нас си ја знае својата задача на теренот. Подготвени сме, време е нашиот квалитет да го претставиме на терен. изјави Мартин Томовски.