
Екипата на Перуџа е новиот шампион на Копа Италија во одбојка, откако го освои 44. издание на ова натпреварување.
Перуџа, денес, во петтото последователно финале, славеше со резултат од 3-1 над Трентино и се закити со третата круна.
Клубот предводен од Никола Грбиќ, на лесен начин дојде до водство од 2-0, откако ги доби првите две партии со по 25-17.
Во третиот сет, Трентино славеше со 25-23, а со истиот резултат, номиналните домаќини од Умбрија го добија и четвртиот сегмент од мечот.
Најефикасни играчи во победничките редови беа Камил Рихлицки и Вилфредо Леон, кои постигнаа по 21, односно по 23 поени.
На спротивната страна, двоцифрени беа Матеј Казијски со 16 и Алесандро Микиелето со 19 поентирања.
На патот до финалето, Перуџа ги порази Падова (3-0) и Пијаченца (3-1), а Трентино славеше над Монца (3-0) и над Милано (3-0).




