
Во европскиот термин од неделната НБА програма, Филаделфија 76ерс ги поразија Њујорк Никс со 109-125, нанесувајќи им го петтиот последователен пораз.
Филаделфија водеше во поголемиот дел од мечот, но Никс дојдоа до водство во почетниот дел на четвртата четвртина.
Сепак, до крајот, 76ерс направија серија од 30-11 и дојдоа до конечното славје на гостински терен.
Најефикасен поединец со 37 поени беше Џоел Ембиид од победничките редови, а од неговите соиграчи, трипл-дабл постигна новото засилување – Џејмс Харден (29 поени, 10 скокови и 16 асистенции).
На спротивната страна, со по 24 кошеви, најрасположени во нападот беа Ар Џеј Берет и Еван Фурние.
Во Источната конференција, Њујорк (25-36) го држи дванаесеттото место, додека 76ерс (37-23) се наоѓаат на третата позиција.




