Во претпоследниот меч од 27. коло на италијанската Серија А, Наполи го порази Лацио со 1-2.
После првото полувреме, мрежите останаа недопрени, а резултатот го отвори Лоренцо Инсиње (62′) по асистенција на Елиф Елмас.
Во 88. минута, Лацио дојде до израмнување со одличниот гол од волеј на Педро, но радоста на ,,Олимпико” траеше кратко, бидејќи триумфот во Кампанија го однесе Фабијан Руиз во судиското продолжение (90+4′).
Со новите три бода, Наполи изби на врвот на табелата и има ист број на поени како и Милан, со кој ќе се соочи идната недела.
Од друга страна, Лацио остана на седмото место и во случај на утрешна победа на Фиорентина, ќе падне на осмата позиција.