
Во првиот меч од неделната НХЛ програма, Каролина Хурикејнс ги совладаа Питсбург Пенгуинс со 3-4.
На мечот, направени беа три серии од по два погодоци при кои, гостите водеа со 0-2 и со 2-4, а домаќините израмнија на 2-2.
На 72 секунди пред крајот, ,,Пингвините” успеаја да го постигнат и третиот погодок, кој накрај се покажа само како почесен.
За поразениот состав, голгетери беа тројца различни хокеари, односно Брајан Раст, Сиднеј Кросби и Иван Родригес.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Јеспери Котканиеми, Џордан Стаал, Јеспер Фаст и Себастијан Ахо.
На табелата на Источната конференција, Каролина го држи второто, а Питсбург – четвртото место.




