Кошаркарите на Црвена Звезда стигнаа до титулата во Купот Радивој Кораќ после победата над лутиот ривал Партизан, откако во финалето славеа убедливо со 85:68.
Калиниќ со 18 поени беше најдобар во редовите на Црвена Звезда каде се истакнаа уште и Холинс со 15, Волтерс со 14 и Марковиќ со 13 поени. Кај Партизан најдобри беа Лесор со 19, Пантер со 14 и Мур со 11 поени.




