
Вчерашната последна трка од олимписката програма во алпско скијање, односно паралелната дисциплина во мешани парови, поради силниот ветар беше одложена за денес.
На неа, најдобро се снајдоа Австријците, кои дојдоа до олимписката круна, совладувајќи ја Германија во големото финале.
Од поразените полуфиналисти, во малото финале, како ,,бронзени” излегоа Норвежаните, кои го натскијаа тимот на САД.
Во четвртфиналето, овој настан остана без бранителот на титулата, Швајцарија, како и без три други квалитетни селекции – Словенија, Италија и Франција.
Целосен состав на медалистите:
- Австрија (Катарина Хубер, Катарина Линсбергер, Катарина Трупе, Штефан Бренштајнер, Михаел Мат и Јоханес Штролц)
- Германија (Ема Ајхер, Лена Дир, Јулијан Раухфус, Александер Шмид и Линус Штрасер)
- Норвешка (Мина Фирст Холтман, Теа Луизе Стјернесунд, Марија Терезе Твиберг, Тимон Хауган, Фабијан Вилкенс Солхајм и Расмус Виндингштад)




