
За првпат после ЗОИ 2002, женската репрезентација на Велика Британија во карлинг се закити со златен олимписки медал.
Британките, во Пекинг, во големото финале, убедливо го поразија составот на Јапонија со 10-3.
Европските претставнички водеа во текот на цел натпревар, а клучната предност ја стекнаа во седмиот енд, кога освоија четири поени.
Членовите на победничкиот состав имаа 89% на прецизни удари – Хејли Даф (90%), Џенифер Дотс (89%), Вики Рајт (89%) и Ив Муирхед (88%).
На спротивната страна, просекот беше далеку понизок (78%), а истиот го остварија Јурика Јошида (97%), Јуми Сузуки (82%), Чинами Јошида (64%) и Сатсуки Фуџисава (69%).
Со бронзен медал од Пекинг замина Шведска, совладувајќи ја Швајцарија со 9-7 во битката за третото место.