
За првпат после 21 февруари 2020, Торонто Мејпл Лифс дојдоа до победа против Питсбург Пенгуинс, откако синоќа славеа со 4-1.
После првите две третини, канадските претставници имаа водство од 3-0, стекнато со головите на Остон Метјус, на Морган Рајли и на Давид Кампф.
Во третиот период, ,,Пингвините” намалија преку Евгени Малкин, а конечниот резултат го постави Мајкл Бантинг.
Голманот на Торонто, Џек Кемпбел, беше еден од најдобрите поединци, кој, освен една асистенција, имаше 45/46 одбранети шутеви (97,83%).
На табелата на Источната конференција, двете екипи се оддалечени само три бодови со тоа што Питсбург се наоѓа на третата, а Торонто на петтата позиција.




