Хјустон Рокетс се наоѓаат во резултатска криза од седум порази, после синоќешниот загубен меч од ЛА Клиперс со 142-111.
Клиперс демонстрираа сила во текот на цел натпревар, а недостижно се ,,одлепија” после третата четвртина, добиена со 36-20.
Од победничките редови, дабл-дабл остварија Ивица Зубац (13 поени и 10 скокови) и Реџи Џексон (12 поени и 14 асистенции), а најефикасен беше Маркус Морис со 27 кошеви.
Кај Рокетс, во нападот најрасположени беа Џејлен Грин и Џе’Шон Тејт со 21, односно со 19 поени.
Во Западната конференција, Хјустон (15-43) се наоѓа на самото дно, додека Клиперс (30-31) ја држат осмата позиција.