
Швајцарката Мишел Гизин славеше на денешната трка во алпска комбинација и успешно го одбрани златото во оваа дисциплина од Пјонгчанг 2018.
Гизин беше дури дванаесетта после првата серија, но со убедливо најдоброто второ издание успеа да дојде до нова титула.
Со овој триумф, Швајцарката стана само трета скијачка, која освоила медал во алпска комбинација на две ЗОИ по ред, после Марија Хефл-Риш (2010 и 2014) и Ивица Костелиќ (2002 и 2006).
Нејзината сонародничка, Венди Холденер (+1,01), се пласираше на второто место, иако беше единаесетта во првиот дел и ја претвори бронзата од минатите ЗОИ во сребро.
На третата позиција заврши Италијанката Федерика Брињоне (+1,85), која беше воедно и последна скијачка со заостаток помал од две секунди.
Пласманот во топ 5 го комплетираа Естер Ледецка (+2,65) и Катарина Хубер (+3,13).
Кошмарот на ЗОИ се продолжи за една од фаворитките, Микаела Шифрин, која не ја заврши ни денешната трка.
Имено, од вкупните дваесет и шест скијачки на стартната листа, целната линија ја поминаа само петнаесет.




