
Од стартот на 2022 година, од вкупните девет досегашни натпревари на домашен терен, Вегас Голден Најтс загубија шест.
Синоќа, пред своите навивачи, претставниците на Невада беа надиграни од Колорадо Аваланш со 0-2.
Важна алка за гостинскиот состав беше голманот Дарси Кемпер, кој дојде до третиот овосезонски шут-аут со 29/29 одбранети шутеви.
Од друга страна, од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Габриел Ландеског и Мико Рантанен во третата третина.
На табелата на Западната конференција, Колорадо се наоѓа на врвот, додека Вегас ја зазема шестата позиција.




