Еурофарм Пелистер загуби со 25-23 на гостувањето кај француски Ним во ЕХФ Европската лига.
Еурофарм Пелистер поради неколкуте позитивни случаи на Ковид 19 натпреварот го одигра само со 12 ракометари кои одиграа маестрално и до самиот финиш се бореа за поволен резултат. Граџан со 7 голови и Табоада со 5 гола беа најефикасни во екипата на Еурофарм Пелистер.




