
Германија испиша историја во олимпискиот боб, откако стана првата нација, која ги доби сите три медали во машки двосед на едно натпреварување.
Воедно, пилотот Франческо Фридрих стана првиот боб санкач во историјата со две олимписки злата во двосед.
Фридрих, заедно со неговиот кочничар Торстен Маргис, беше убедлив после сите четири серии и воедно го сруши рекордот на патеката во два наврати.
Со сребро се закити пилотот Јоханес Лохнер (+0,49), кој возеше со кочничарот Флоријан Бауер.
Тројното славје на Германија го комплетираа Кристоф Хафер и Матијас Зомер (+1,69), освојувајќи го бронзениот медал.
Во првите пет двоседи, пласман изборија уште: Мајкл Вогт и Сандро Михел (+1,94), односно Бенјамин Мајер и Маркус Замер (+2,23).