
Олимписката шампионка во биг ер во сноубординг од Пјонгчанг 2018, Ана Гасер, ја одбрани титулата на натпреварувањето во Пекинг.
Имено, Австријката го освои вториот олимписки златен медал, откако во финалето имаше 185,50 поени.
Првенката во слоупстајл, Зои Садовски-Синот (177,00), која му го донесе првото зимско олимписко злато на Нов Зеланд, денес се закити со сребро.
Освојувачката на Светскиот куп во слоупстајл, 17-годишната Кокомо Мурасе, дојде до бронзениот медал со изведба од 171,50 поени.
Нејзината сонародничка, Реира Ивабучи (166,00) и Кинеската Ронг Ге (160,00) го комплетираа пласманот во топ 5.




