
За првпат во историјата на ЗОИ, во рамките на боб санкање, беше организиран женскиот монобоб.
Истиот заврши во корист на Кејли Хамфрис, која го освои првото злато под знамето на САД, односно третото, вклучувајќи ги и настапите за Канада во дует со Хитер Мојс.
Хамфрис (4:19,27) беше убедливо најбрза на патеката, стекнувајќи предност поголема од една секунда во однос на најблиските конкурентки уште во втората серија.
На втората позиција заврши Елена Мајлс Тејлор (+1,54), која дојде до третото олимписко сребро во третата различна конкуренција (монобоб, женски парови и мешани парови).
Последната натпреварувачка со заостаток под две секунди беше Кристин де Бруин (+1,76), односно дебитантката на олимпискиот пиедестал.
Во продолжение, сите останати санкачки доцнеа над две секунди, а од нив, во првите пет завршија Лаура Нолте (+2,06) и Бри Вокер (+2,19).




