
На првите деветнаесет средби во 2022 година, екипата на Колорадо Аваланш запиша седумнаесет триумфи.
Последен плен на ,,Лавината” беа Далас Старс, кои синоќа загубија со 0-4.
Сите четири погодоци, гостите ги постигнаа во првите дванаесет, односно во завршните седум минути.
Двоен стрелец беше Габриел Ландеског, а по еднаш, мрежата на Брејден Холтби ја затресоа Назем Кадри и Никола Обе-Кубел.
Помеѓу стативите на победничкиот состав стоеше Дарси Кемпер, кој дојде до вториот шут-аут сезонава со одбранетите дваесет и три удари.
Во Западната конференција, Аваланш го држат првото, а Старс – деветтото место.




