Бостон Селтикс го задржаа стопроцентниот учинок во февруари, откако синоќа славеа и на седмиот овомесечен натпревар.
Имено, претставниците на Масачусетс, во својата ,,ТД Гарден”, беа подобри од Атланта Хокс со 105-85.
Во текот на цело прво полувреме, Атланта имаше двоцифрена предност, но Селтикс потполно го превртеа резултатот, почнувајќи од третата четвртина.
Од победничките редови, дабл-дабл запишаа двајца кошаркари – Џејсон Тејтум (38 поени и 10 скокови) и Роберт Вилијамс (10 поени и 14 скокови).
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Тре Јанг (30 кошеви и 10 асистенции), а уште 26 кошеви додаде Србинот Богдан Богдановиќ.
Во Источната конференција, Бостон (33-25) го држат шестото, а Атланта (26-30) – десеттото место.