
Натурализираниот Унгарец, Шаоанг Лиу, со време од 40,338 секунди, славеше на најспринтерската трка во брзо лизгање на кратки патеки.
Имено, Лиу беше најбрз на 500 метри во финалето на ЗОИ 2022, водејќи ја трката од стартот, па сè до целната линија.
Веднаш зад водечкиот во Светскиот куп во оваа дисциплина се пласираше Русинот Константин Илиев (40,431).
За Илиев, ова беше најголем успех во кариерата, кој дојде и покрај грешката за преран старт пред првиот истрел.
На третото место заврши вицешампионот на 1500 метри, Канаѓанецот Стивен Дубуа (40,669), освојувајќи го второто одличје на ЗОИ 2022.
Четвртата позиција му припадна на Казахстанецот Абзал Ажгалиев (40,869), а пад доживеа Италијанецот Пјетро Зигел.




