
На денешната олимписка потера во биатлон, базирана на петочниот спринт, Марте Олсбу Роиселанд го доби третото злато на ЗОИ 2022.
Норвежанката (34:46,9) ја одбрани првата позиција од спринтот со одличното скијање, но и со успешниот стрелачки учинок со само една промашена мета.
Во пресрет на последното стрелање, Доротеа Вирер го држеше среброто во своите раце, но накрај остана без одличје поради својата недоволна прецизност.
,,Сребрената” од спринтот, Елвира Оберг (+1:36,5), го доби сребрениот медал и на денешната трка што претставува нејзино второ олимписко одличје.
Со бронза се закити искусната Тирил Екоф (+1:48,7), која отскија експресно во последниот круг и ги остави зад себе во топ 5 – Хана Сола (+1:58,9) и Лин Персон (+2:07,2).
Ингрид Ландмарк Тандерволд (+2:53,0) беше трета на последната мерна станица, но доживеа потполен колапс во последниот километар и заврши како четиринаесетта.




