
Првото градско дерби на Истанбул помеѓу Галатасарај и Фенербахче беше вовед на деветнаесеттото коло од турската одбојкарска Ефелер лига.
По заминувањето на капитенот Бурутај Субаши, Галатасарај ја доби аутсајдерската улога во овој дуел и загуби со 1-3.
Фенербахче рутински ги освои првиот и четвртиот сет со 25-18 и со 25-22, но со големи потешкотии славеше во вториот дел (30-28).
Од друга страна, Галатасарај беше убедлив само во третата партија, која воедно и ја доби со 25-20.
Од поразениот состав, по 17 поени постигнаа Морис Армандо Торес и Марко Седлачек, кои беа најрасположени во нападот.
На спротивната страна, најефикасни со по 23 поени беа Салвадор Олива Хидалго и Метин Тој.
Со втората лигашка победа во низа, Фенербахче изби на третата позиција, додека Галатасарај го зазема шестото место.



