Фаворитот Тиквеш славеше на гостувањето во Струга со 32-34 (полувреме 15-20). Стружани после слабата игра во одбрана во првиот дел во вториот дел заиграа маестрално, но сепак не успеаја да направат целосен пресврт туку мораа да се задоволат со минимален пораз на крајот.
Најдобри поединци во редовите на Струга беа Кастратовиќ со 8, Маркоски со 7 и Цветаноски со 6 гола. Во тимот на Тиквеш се истакнаа Симиќ со 10 и Јанчев со 6 гола.