
Мариус Линдвик е новиот олимписки шампион во ски скокови на голема скокалница, откако денес го доби својот прв медал на ЗОИ 2022.
Норвежанецот дојде до триумфот со скоковите од 140,5 и од 140 метри, оправдувајќи ја победата од вчерашните квалификации.
Новиот шампион на малата скокалница, Рјоју Кобајаши, денес се здоби со сребро, иако беше првопласиран после првиот скок.
На третото место, со прогрес од три позиции во однос на првото издание, заврши Карл Гајгер, кој е актуелен лидер во Светскиот куп.
Во продолжение, пласманот во првите десетмина го дополнија: Камил Штох, Маркус Ајзенбихлер, Тими Зајц, Мануел Фетнер, Халвор Егнер Гранеруд, Јан Херл и Петер Превц.




