Саботно матине какво што посакувавме, со сигурна и што е најважно, без никаква драма и неизвесен финиш, победа во пресметката против Војводина (83-75), во последниот меч на турнирот во Бања Лука. Со овој триумф, нашите момци го задржаа второто место на табелата со скор 8-2, но и го продолжија притисокот врз лидерот Борац Бања Лука.
Освен во првата половина од воведниот период, во останатиот дел од средбата сино-белите ја контролираа играта и резултатот, што прво донесе надополнување на минусот (5-15), а потоа и постепено зголемување на разликата на највисоки плус 17 (72-55). Противникот се обиде со шутеви за три поени да се врати, но имавме адекватен одговор за секој нивни напад, за конечен триумф на крајот.
Роберт Рикиќ со 18 поени и шест скока беше најефикасен во нашиот тим, Немања Милошевиќ и Војдан Стојановски постигнаа по 15 поени со 14 односно седум скока, додека Адем Мекиќ застана на 10 поени.
Мал проблем ни е повредата на Бојан Крстевски по еден незгоден пад, поради што одигра само пет минути, но се надеваме дека не станува збор за ништо посериозно.Составот од Аеродром веднаш по мечот тргнува назад кон Скопје, каде што ќе нема премногу време за одмор, со оглед што в понеделник ќе го одигра дуелот од 16. коло од Првата лига против братскиот тим МЗТ Скопје УНИ Банка.




