
Винценг Гајгер е новиот олимписки шампион во нордиска комбинација на мала скокалница и воедно стотиот натпреварувач во овој спорт, кој освоил медал на ЗОИ.
Германецот (25:07,7) дојде до првиот индивидуален олимписки златен медал, иако беше дури дванаесетти после скокачкиот дел.
Во чекор со него скијаше и Норвежанецот Јорген Граабак (+0,8), кој освои сребро во завршниот спринт.
На третото место се искачи Австриецот Лукас Грајдерер (+6,6), а неговиот сонародник и лидер во Светскиот куп, Јоханес Лампартер (+9,0), остана без пиедестал.
Зад Лампартер се пласираа двајцата најдобри тркачи од Светскиот куп, Јоханес Ридзек (+21,8) и Илка Херола (+25,4), кои не ги оправдаа очекувањата и покрај добрата стартна позиција.
Лидерот после првата серија, Рјота Јамамото (+1:46,6), заврши како четиринаесетти, откако не успеа да ја одбрани предноста во скијачкиот дел.
Најголемиот фаворит во пресрет на ЗОИ 2022, Јарл Магнус Риибер, не учествуваше на денешната трка поради позитивен тест на КОВИД-19.




