
На второто олимписко издание на карлинг во мешани двојки, до златниот медал дојде селекцијата на Италија.
За оваа европска земја настапија Стефанија Константини и Амос Мосанер, кои во финалето ја поразија Норвешка (Кристин Скаслиен и Магнус Недреготен) со резултат од 8-5.
Норвешка влезе убедливо во првиот енд со водство од 0-2, но новите олимписки прваци поведоа со 6-2 после четвртиот период.
Ди крајот, двете екипи постигнаа по два, односно по три поени за поставување на конечниот резултат.
Мосанер одигра одлично финале со 75% прецизност на ,,тејк-аут” и со 90% успешност на сите удари што го направи најважна алка во титулата на Италија.
Во битката за бронза, Шведска (Алмида де Вал и Оскар Ериксон) ја надиграа Велика Британија (Џенифер Додс и Брус Моуат) со 9-3.



