
Осумнаесетгодишната кинеска претставничка, Еилеен Гу, го освои златниот медал во фристајл скијање во дисциплината биг ер и ја искачи Кина на првото место како најуспешна досегашна нација на ЗОИ 2022.
Гу дебитираше на олимпискиот подиум, а во трите финални серии освои вкупно 188,25 поени.
Неполн поен позади неа се пласираше ,,сребрената” Французинка, Тес Ледо (187,50), која е светска шампионка во оваа дисциплина од 2019.
По среброто од Пјонгчанг 2018 во слоупстајл, Швајцарката Матилде Гремод (182,50) ја збогати својата колекција со денешната олимписка бронза.
Од останатите девет скијачки во финалето, во топ 5 се пласираа уште Меган Олдам (178,00) и Кирсти Муир (169,00).




