Во првиот меч од НХЛ после паузата за ,,Ол-Стар”, Отава Сенаторс ги надиграа Њу Џерси Девилс со 4-1 и им го нанесоа седмиот врзан пораз.
Во дванаесеттата минута, Девилс стекнаа водство од 0-1 преку Нико Хишиер, но останатите 32 шутеви беа успешно одбранети од домашниот голман – Мет Мареј.
До крајот на првата третина, Ник Пол израмни на 1-1, а во вториот период, во интервал од само седум секунди, Ник Холден и Адам Годет зголемија на 3-1 во корист на Отава.
Домаќините од Канада и покрај водството, играа напаѓачки во третиот дел, кога Конор Браун го постави конечниот резултат.
Во Источната конференција, двете екипи се наоѓаат на четиринаесеттото и на петнаесеттото место.