
Голден Стејт Вориорс дојдоа до деветтиот последователен триумф, откако синоќа славеа со 98-110 над Оклахома Сити Тандер.
Во првата четвртина, Оклахома имаше блага предност, но од вториот квартал, па сè до крајот, Вориорс го држеа водството.
Од победничките редови, Стеф Кари направи дабл-дабл од 18 поени и од 10 асистенции, а поефикасен од него беше Клеј Томпсон со 21 кош.
На спротивната страна, Џош Гиди (16 поени и 11 скокови) имаше две двоцифрени статистики, а најрасположен во офанзивата беше Лугентц Дорт (26 кошеви).
Во Западната конференција, Оклахома (17-36) се наоѓа на претпоследната позиција, додека Вориорс (41-13) го држат второто место.




