
На машкиот скијатлон во крос-кантри (15 км класичен и 15 км слободен стил) во рамките на ЗОИ 2022, селекцијата на Русија запиша 1-2 победа.
Актуелниот шампион на Светскиот куп, Александер Болшунов (1:16:09,8) и покрај падот на третиот километар, успеа да се врати во врвот и да отскија соло-трка во втората половина за освојување на првото олимписко злато.
На средина на трката, после промената на скиите, во чекор со Болшунов се држеше само Финецот Ииво Нисканен (+2:00,2), кој накрај заврши како третопласиран.
За триесетгодишниот олимписки првак на 50 километри од Пјонгчанг 2018, денешната бронза беше вкупно трет медал на ЗОИ.
На втората позиција се искачи уште еден Русин, Денис Спитсов (+1:11,0), скијајќи одлично во слободниот стил за третото олимписко сребро во кариерата.
Потполен распад имаше норвешката репрезентација, која го имаше ,,само” четвртото место преку Ханс Кристер Холунд (+2:30,9).
Нејзиниот најголем адут, а воедно и денешен фаворит, Јоханес Клебо (), потфрли со освоената четириесеттата позиција (+9:06,0).
Пласманот од петтото до десеттото место го комплетираа: Паал Голберг (2:52,5), Вилијам Порома (+2:53,9), Перту Хиваринен (+3:12,6), Франческо Де Фабијани (+3:37,8), Артјом Малцев (+3:54,8) и Клеман Парис (+3:57,2).




