
Сенегал се пласираше во своето трето финале на Африканскиот куп на нации, откако во полуфиналето беше подобар од Буркина Фасо со 3-1.
Победниците ја имаа контролата во поголемиот дел од натпреварот, а до водство од 2-0 дојдоа со ,,блиц-криг” во интервал од шест минути.
Најпрво, резултатот го отвори Абду Диало (70′), а предноста ја удвои Идриса Гана Геје (76′).
Шест минути подоцна, Ибрахим Блати Туре (82′) намали на 2-1, а конечниот резултат го постави Садио Мане (87′).
Во битката за првата африканска круна, Сенегал ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу Камерун и Египет.




