
Откако пред две недели запишаа пораз на меѓусебниот дуел, синоќа, Бостон Селтикс го возвратија ударот и славеа со 113-107 над Шарлот Хорнетс.
Во поголемиот дел од натпреварот, Бостон имаше минимална предност со блага позитива во неколку наврати на спротивната страна.
Во последната четвртина, Хорнетс надоместија -11 поени разлика, но накрај загубија со серијата од 6-0 на домаќините.
Кај Бостон, Џош Ричардсон и Маркус Смарт беа најрасположени во нападот со 23, односно со 22 поени.
Од противничкиот табор, Тери Розиер уфрли 23 кошеви, а дополнителни 38 додаде ЛаМело Бол.
Во Источната конференција, Шарлот (28-24) го држи седмото, а Бостон (28-25) – деветтото место.