
За првпат после 33 години, односно по третпат во клупската историја, Синсинати Бенгалс се пласираа во Супер Боул.
,,Тигрите”, во конференциското финале, ги совладаа Канзас Сити Чифс на гостински терен со 24-27 после продолжение.
Чифс одиграа две потполно различни полувремиња: од првите три напади имаа три тачдауни, а од наредните пет – само еден филд-гол за израмнување во последната секунда од регуларниот дел.
Од друга страна, Бенгалс го израмнија рекордот на Индијанаполис Колтс од 22 јануари 2007 за најголем кам-бек во конференциско финале со надоместени осумнаесет поени (21-3 во втората четвртина).
Во продолжението, Чифс го имаа првиот посед, но Патрик Махоумс фрли пресечен пас, кој беше крунисан со победоносен шут за три поени на Иван МакФерсон.
Махоумс го заврши мечот со 275 јарди од 26/39 комплетирања, со две пресечени додавања и со три тачдауни кон Тревис Келси, кон Тајрик Хил и кон Мекол Хардмен.
Неговиот колега на спротивната страна, Џоу Бароу, уфрли 250 јарди од 23/38 прецизни обиди, два тачдауни и едно пресечено додавање.
Освен шутерот МакФерсон, важна улога одигра и најдобриот фаќач, Ти Хигинс (103 јарди), како и поентерите Џа’Мар Чејс и Самаџе Перин.
Во Супер Боул 56, Бенгалс ќе ги одмерат силите со победникот од дуелот помеѓу ЛА Ремс и Сан Франциско 49ерс.
*Во соработка со НФЛ Македонија*




