
Исходот од третото четвртфинале е дека Египет ќе се соочи со Камерун во полуфиналето на Африканскиот куп на нации.
Имено, во втората фаза од плејофот, Египќаните го поразија Мароко со 2-1 после продолженија.
Мароко стекна почетно водство од 0-1 во седмата минута, кога Софијан Буфал го совлада Габаски од белата точка.
Во 53. минута, ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, го постигна својот 47. погодок во репрезентативниот дрес и израмни на 1-1.
Истиот играч беше асистент во дополнителниот период, кога Трезеге (100′) го однесе составот од североисточна Африка помеѓу најдобрите четири африкански селекции.




