
Во првиот денешен натпревар од 29. коло на англискиот Чемпионшип, Дерби Каунти ремизираше со 2-2 против Бирмингем.
Бирмингем влезе како фаворит во дуелот и покрај преполните трибини на ,,Прајд Парк” и после еден час игра водеше со 0-2.
Стрелец на првиот погодок беше Лајл Тејлор (7′), а предноста ја удвои Скот Хоган (58′), кој се запиша во листата на стрелците по четврт пат на последните пет средби.
Во продолжение, ,,Овните” целосно ја презедоа иницијативата и израмнија преку Лук Планџ (87′) и преку Кристијан Биелик (90+6′).
Биелик, поради повреда, го одигра својот последен натпревар токму на 30 јануари 2021, а враќањето на теренот го круниса со многу важен гол со ,,ножички” за делириум на стадионот.
И покрај енормните казни, Дерби се наоѓа на само седум бодови од сигурната зона, додека Бирмингем го зазема седумнаесеттото место.




