
На последното натпреварување пред ЗОИ 2022 од Светскиот куп во ски скокови, Мариус Линдвик ја оствари третата победа во сезоната.
Норвежанецот беше најдобар после двете серии во Вилинген (Германија), благодарение на скоковите од 140 и од 144,5 метри.
На втората позиција заврши домашниот скокач, Карл Гајгер, кој го намали заостатокот во генералниот поредок во однос на Рјоју Кобајаши за триесет поени.
Кобајаши победи вчера, но денес заврши како четврт, додека подиумот, за првпат во кариерата го дополни првопласираниот после првата серија – Цене Превц.
Помеѓу топ 10 се најдоа уште Халвор Егнер Гранеруд, Штефан Крафт, Томас Лакнер, Даики Ито, Тими Зајц и Ловро Кос.




