
Рафаел Надал испиша историја и стана најуспешниот тенисер на сите времиња, откако ја освои дваесет и првата грен-слем титула во кариерата.
Во денешното финале на Австралијан Опен, Шпанецот дојде до втората круна во Австралија, односно прва после 2009, совладувајќи го Данил Медведев со 3-2.
По сетови, резултатот гласеше 2-6, 6-7 (5-7), 6-4, 6-4 и 7-5 после неверојатни 5 часа и 28 минути игра.
Финалниот меч се состоеше од сите можни елементи на тениската игра, а во еден момент, на теренот претрча навивач, поради кој беше за кратко прекинат дуелот на титаните.
Медведев, при водство од 2-0, имаше три врзани брејк-топки во третиот сет, но, од тој момент, следуваше потполен пад на неговата игра.
Надал успеа да се извлече од овој непријатен момент и со вкупно пет брејкови до крајот, во неверојатен финиш, дојде до долгоочекуваната титула на најмалиот континент.




