
Анахајм Дакс ја оправдаа фаворитската улога против Отава Сенаторс, откако синоќа им го нанесоа четвртиот меѓусебен пораз во низа, славејќи со 1-2.
Гостите од Калифорнија стекнаа почетно водство преку Рикард Ракел во седмата минута, но 97 секунди подоцна, канадскиот состав израмни, благодарение на Тајлер Енис.
Резултатот од 1-1 беше актуелен сè до воведниот дел од третата третина, кога најдобриот поентер на ,,Патките”, Трој Тери, стрелаше за конечен триумф.
Освен голгетерите, важна алка во победата на Анахајм беше и голманот Џон Гибсон, кој одбрани 44/45 противнички удари (97,78%).
Во Западната конференција, Дакс го држат петтото место, додека Отава е претпоследен тим на Истокот.




