
Првото овосезонско натпреварување во мешани штафети во рамките на Светскиот куп во ски скокови се одвиваше денес во Вилинген, Германија.
Истото заврши во рацете на Словенија, која триумфираше со убедлива разлика, а беше претставена од: Ема Клинец, Цене Превц, Урша Богатај и Анже Ланишек.
Второто место го зазеде селекцијата на Норвешка во состав на Теа Минјан Бјорнсет, Халвор Егнер Гранеруд, Силје Опсет и Мариус Линдвик.
Во битката за подиумот, Германија го загуби третото место од Австрија за само еден поен.
Имено, за ,,бронзената” репрезентација скокаа Ема Пинкелних, Даниел Хубер, Марита Крамер и Штефан Крафт.
Во продолжение следуваа Јапонија, Полска, Франција и Русија, а без втора серија остана Финска.




