Попладнево во Струга контролен натпревар одиграа екипите на РК Струга и РК Еурофарм Пелистер 2. Гостите после изедначениот прв дел 13:13 во вториот дел славеа со 29:33.
Кај домаќинот отсутен беше репрезентативецот на Црна Гора, голманот Никола Матовиќ. Кај гостите од Битола фалеа Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски кои во моментов се на подготовки со првиот тим.




