
Најуспешниот тим во австралиската Биг Баш Лиг во Т20 крикет, Перт Скорчерс, денес ја освои четвртата титула во својата историја, односно прва после 2016/17.
Во големото финале, претставниците на западниот брег ги детронизираа бранителите на титулата, Сиднеј Сиксерс, со резултат од 171/6 (20) – 92/10 (16.2) и им се одмаздија за поразот од минатата сезона.
Скорчерс лошо го започнаа мечот, но одличните удирачки изданија на капитенот Ештон Тарнер (54) и на Лори Еванс (76*) беа доволни за стекнување на недостижно водство.
Од друга страна, од фрлачите на Сиксерс, Нејтан Лајон (2-24) и Стив О’Киф (2-43) имаа најдобра економија.
Во вториот ининг, хет-трик од викети забележа Ендру Тај (3-15), кој беше главна алка во фрлачкиот дел на новите шампиони.
Кај вицешампионскиот состав, во удирањето се истакна само Даниел Хјус со 42 постигнати поени.




