
На првите седум овосезонски средби од грчката Супер лига 2 Север, Кавала запиша седум порази со гол-разлика од 0-45.
Сепак, во продолжение следуваа три ремија, кои му претходеа на денешниот прв триумф.
Имено, прва ,,жртва” на Кавала беше составот на АО Трикала, кој во заостанатиот меч од единаесеттото коло загуби со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Србинот Богдан Стаменковиќ, кој постигна три од вкупните пет голови на својот тим во 2021/22.
Од друга страна, Трикала загуби од денешниот ривал за првпат после 5 мај 2001 и падна на дванаесеттата позиција на табелата.
За Кавала, новите три поени го задржаа статус квото, односно не беа доволни за напуштање на дното.




