
Во осмото коло од Регионалната ватерполо лига, во базенот ,,25 Мај” во Дорчол, Белград, Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 13-11.
После првата четвртина, резултатот гласеше 3-2 во корист на Ѕвезда, но Партизан поведе со 3-4 на стартот на вториот дел.
Сепак, заклучно со средината на третиот квартал, ,,Црвено-белите” стекнаа водство од 10-5, кое го одржаа до самиот крај.
Ватерполистите на Партизан имаа напад за намалување на еден разлика во два наврати во последните две минути од мечот, но нивните обиди беа неуспешни.
Од редовите на победничкиот состав, Иван Басара постигна четири погодоци, а стрелци беа уште: Вук Милојевиќ (х2), Душан Тртовиќ, Гаврил Суботиќ, Вељко Танкосиќ, Душан Марковиќ, Милош Вукичевиќ, Петар Смиљевиќ и Стефан Пљешивац.
На спротивната страна, најефикасен со четири голови беше Милан Алексиќ, а голгетери беа: Алекса Нешиќ, Немања Вицо, Андреј Барач, Никола Којиќ, Алекс Боувен (х2) и Марко Вавиќ.
Голманите и на двете екипи, Владимир Мишовиќ (Црвена Ѕвезда) и Димитрије Ристичевиќ (Партизан), запишаа по осум интервенции.
Клучни за поразот на Партизан беа билансот на загубени топки (9-16) и шесте погодени пречки и стативи.
На табелата, Црвена Ѕвезда скокна на петтото место, додека Партизан ја зазема седмата позиција.




