
Шестиот спуст од календарот на Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа денес во Кицбил, Австрија.
Шампионот од 2019/22, Александер Омодт Килде (1:55,92), беше најбрз на патеката Штрајф и дојде до шестата овосезонска победа, преземајќи ја црвената маичка во спуст.
На второто место, изненадувачки, за првпат во својата кариера, се пласираше Французинот Блез Гризенданер (+0,42), а неговиот сонародник, Жоан Клери (+0,63), беше третопласиран.
Клери се искачи на пиедесталот по деветти пат во кариерата и стана најстар скијач на подиумот во историјата со 41 година и 13 дена.
Најдобар домашен претставник беше Матијас Мајер (+0,67), кој остана без подиум за само четири стотинки, а последен со заостаток под една секунда беше лидерот во генералниот поредок – Марко Одермат (+0,78).
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште: Џејмс Крофорд (+1,02), Тревис Генонг (+1,06), Беат Фојц (+1,14), Нилс Хинтерман (+1,19) и Даниел Хеметсбергер (+1,26).




