
Во отсуство на Новак Ѓоковиќ, најдобар српски претставник на Австралијан Опен е Миомир Кецмановиќ, кој денес избори пласман во осминафиналето.
Во третата рунда, Кецмановиќ, иако важеше за аутсајдер, го победи светскиот рекет број 26, Лоренцо Сонего, со 3-1 после речиси три и пол часа игра.
По сетови, резултатот изнесуваше 6-4, 6-7 (8-10), 6-2 и 7-5.
Во првиот и во третиот сет, Србинот славеше со 6-4 и со 6-2, откако направи вкупно три брејкови.
Во меѓувреме, Сонего ја освои втората партија со 7-6, откако во тај-брејкот беше подобар со 10-8.
Во четвртиот сет, Италијанецот освои гем на противнички сервис уште на стартот, но ги загуби два од последните три гема на свој сервис.
Во осминафиналето, Кецмановиќ ќе игра против Гаел Монфис, кој денес го порази Кристијан Гарин со 3-0.




