
Поранешната светска тенисерка број 1, Викторија Азаренка, чекори кон својата трета титула на Австралијан Опен, односно прва после 2013.
Имено, во третата фаза, Белорусинката беше подобра од Елина Свитолина со убедливи 2-0 после само 68 минути игра.
Азаренка ги доби двата сета со 6-0 и со 6-2, освојувајќи вкупно пет брејкови.
Украинката беше неефикасна со само 38 освоени поени и со огромни 26 неизнудени грешки.
Свитолина, иако разочара, може да се радува на победата на својот сопруг, Гаел Монфис, кој во осминафиналето ќе ги одмери силите со Србинот Миомир Кецмановиќ.
Од друга страна, Азаренка, во четвртото коло, ќе игра против четвртата тенисерка, Барбора Крејчикова, која денес славеше со 2-1 над Јелена Остапенко.




