
Синоќа, Феникс Санс ги поразија Детроит Пистонс со 108-135 и го запишаа шестиот триумф на вкупните седум средби во 2022 година.
Во текот на мечот, Санс стекнаа водство во втората четвртина, кое беше постепено зголемувано сè до самиот крај.
Најефикасен поединец од победничките редови беше Девин Букер со 30 поени, а уште по 20 додадоа ЏаВејл МекГи и Камерон Пејн.
Кај Детроит, најрасположени во нападот со по 21 кош беа Кејд Канингем и Кори Џозеф.
Во Западната конференција, Феникс (33-9) останаа на првото место, додека Детроит (10-32) е претпоследна екипа на Истокот.




