
Англискиот великан, Евертон, официјално му врачи отказ на досегашниот тренер, Рафаел Бенитез, после вчерашниот пораз од Норвич од 2-1.
Бенитез застана на кормилото на ,,Карамелите” во јуни, а стартот на кампањата беше одличен со три победи и едно реми на првите четири натпревари.
Сепак, клубот на Бенитез загуби во Лига Купот на пенали од второлигашот КПР, а после деветнаесет кола во Премиер лигата е шеснаесетти со скромни деветнаесет бодови.
На последните дванаесет лигашки средби, Евертон има една победа, две ремија и дури девет порази со гол-разлика од 11-26.
,,Евертон ФК може да го потврди заминувањето на Рафаел Бенитез од улогата на тренер на првиот тим… Информација за перманентна замена ќе биде објавена во скоро време.” – гласеше дел од соопштението на Евертон.




