
После трите последователни победи, Вашингтон Визардс ги угостија Портланд Трејл Блејзерс и загубија на домашен терен со 110-115.
Гостите од Портланд водеа во поголемиот дел од мечот, вклучувајќи го и цело второ полувреме, во чие времетраење, генерално имаа двоцифрено водство.
Од победничките редови, најмногу се истакнаа двајцата кошаркари со дабл-дабл, односно Анферни Симонс (31 поен и 11 асистенции) и Јусуф Нуркиќ (23 поени и 14 скокови).
Од домашниот табор, две двоцифрени статистики имаше Кајл Кузма (16 кошеви и 12 скокови), а најефикасен со 27 поени беше Спенсер Динвиди.
По натпреварот и двете екипи го заземаа десеттото место во своите конференции – Вашингтон (22-21) на Истокот, а Портланд (17-25) на Западот.




